Бојана Поповиќ го предводеше Будуќност до првиот трофеј оваа сезона

Ракометарките на Будуќност се израдуваа на првиот трофеј, прв и последен во оваа година. Во финалето од ракометниот куп на Црна Гора, противник на поранешните шампионки од Европа беше Левалеа од Никшиќ.

Будуќност настапи со повеќе ракометарки од младинскиот тим, а од поискусните во некој дел од натпреварот во игра беа Итана Грбиќ, Мајда Мехмедовиќ и Алисон Пино.

Будуќност убедливо триумфираше со 38:14 (21:4), а составот го предводеше новиот тренер Бојана Поповиќ. Најефикасна на натпреварот во победничкиот тим беше Анастасија Марсениќ со седум голови.

„Ми беше чест да ја водам екипата. Беше важно ракометарките да уживаат во натпреварот, да го почуствуваат на вистински начин овој финален натпревар и да го освојат првиот трофеј оваа сезона“, изјави Бојана Поповиќ за клупскиот сајт на Будуќност.