Екипата на Вучитрн, која е предводена од македонскиот тренер, Андон Бошковски, го освои шампионскиот пехар во Првата лига на Косово и обезбеди камбек во најквалитетното косовско натпреварување.
Бошковски со неговите избраници во последното коло забележаа триумф над Призрен, со убедлив резултат од 39:23, со што ја остварија посакуваната цел, враќање на Вучитрн во косовската ракометна елита за следната сезона.
Екипата на македонскиот стратег беше единствената екипа без пораз во прволигашкото друштво, додека останатите конкуренти за првото место имаа два или повеќе порази на свое конто.