Бошковски – единствен селектор кој доброволно седел на трибини

Лефтер Бошковски во 1999 година е именуван за селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, позиција за која вели дека не ја сакал. Најголем доказ за тоа како тој се чувствувал во тимот потврдува тоа дека е единствениот селектор кој доброволно седел на трибини за време на натпревар.

Тогаш Македонија играше на СП во Данска и Норвешка, имаше сериозен тим кој за малку не стигна уште повисоко. Деталите за тоа СП, Бошковски ги откри откри во интервјуто за 24Ракомет…

„Случајно бев именуван за селектор на женската репрезентација. Не ја сакав таа позиција, немав што да ги научам девојките. Немаше логика јас да ги водам, кога сите тие тренираа во Кометал ЃП, со Јошко (Јосиф Петковиќ). Кога се договарав со управата на РФМ им реков дека можам да помогнам, дури имав идеја и да направивме селекторот само да ги селектира репрезентативките, а тренерот да ја води екипата. Едно време имаше таква пракса во Југославија, но не беше прифатен предлогот. Во тимот имаше една атмосфера, не знам како да ја објаснам, нечиста за мене. На натпреварите придонесував неверојатно малку, бидејќи што и да зборував ракометарките повеќе беа со Јошко и немаше смисол да се карам, не ни сакав да се карам. Затоа одлучив да седам на трибина за време на еден натпревар и да бидам единствениот селектор кој доброволно го сторил тоа. Во тоа време и политички многу се влијаеше, имаше многу неспортски потези од моја гледна точка.“

Целото интервју со Лефтер Бошковски може да го прочитате на ЛИНКОТ во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЛЕФТЕР БОШКОВСКИ: Имавме талентирани ракометарки, но не им посветувавме внимание