Репрезентацијата на Чешка оствари важна победа во дерби дуелот против БиХ со резултат 27:19 во натпревар од второто коло од групната фаза на ЕП.
Ракометарите на Чешка со високото ниво на одбрана, посебно во првата половина од првиот дел покажаа одлична партија против избраниците на Ивица Обрван. Репрезентацијата на БиХ имаше кризен период во првите десет минути, постигна само еден гол, техничките грешки започнаа да се зголемуваат, а водството на Чешка константно беше на четири до пет гола позитива.
Во последните десет минути, играта на Босанците беше подобра, и водството на Чесите, кое на моменти беше шест разлика, започна да се намалува. Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ беше единствениот расположен во босанскиот табор во првите 30 минути.
Сепак, ракометарите на Растислав Тртик не се опуштија премногу во завршниот дел од првото полувреме и на пауза заминаа со солиден резултат од 12:9.
БиХ во второто полувреме пропушти неколку шанси да се врати целосно во игра. Чешка секогаш успеваше да се одлепи на еден до два разлика и во последните десет минути рутински ја одработи својата задача. На речиси пет минути пред крајот, водството на Чешка беше плус шест, 24:18.
Членот на Еурофарм Пелистер, Јоспип Периќ натпреварот го заврши со три постигнати погодоци.
Денешниот пораз за Босанците беше втор, додека освоената победа на Чешка прва на Европското првенство. Во последното коло од групната фаза, БиХ ќе се соочи со Шпанија, додека Чешка оди на мегдан против Шведска.
ЕП 2022, ГРУПА Е – ТАБЕЛА