Селекторот на сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина, Ивица Обрван го објави списокот за натпреварите од плеј-офот за Светското првенство 2023 против Грција.
На списокот на Обрван се наоѓаат 21 играч, меѓу кои се Елмир Граџан и Марин Вегар, а го нема Јосип Периќ, кој сезонава игра одлично во дресот на Еурофарм Пелистер.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ: Бенјамин Буриќ (Фленсбург), Адмир Ахметашевиќ (Висла Плоцк), Небојша Бојиќ (Целје), Ален Овчина (Слобода), Енес Кешкиќ (Лудвигсхафен), Лука Периќ (Борац), Ибрахим Хасељиќ (Горење), Сењамин Буриќ (Скјерн), Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер), Адин Фајиќ (Загреб), Драган Шољиќ (Адемар Леон), Милан Вуксиќ (Извиѓач), Марко Лукиќ (Борац), Марко Давидовиќ (Татран Прешов), Един Клис (Загреб), Мирко Херцег (Чурго), Дино Хамидовиќ (Ѓенѓеш) Марин Вегар (Доброгеа Суд), Мирсад Терзиќ (Висла Плоцк), Дејан Малиновиќ (Балатонфуреди), Стјепан Јозиновиќ (Адемар Леон).
Репрезентацијата на Босна се собира во недела на 13. март во Сараево, а на 15. Патува за Грција. Првиот натпревар со Грција е закажан за на 16. март, додека реваншот е во Тузла на 19. март.