Босиловска и Јанкуловска доволни за победа и бодови за Пелистер

Составот на Пелистер во првото коло од Женската лига без поголеми проблеми забележа убедлива победа против Гевгелија со 27:18.

Во првото полувреме и двете екипи имаа свои моменти, но и падови во играта. Иако составот на Гевгелија водеше во првите минути од натпреварот, Пелистер успеа да ја корегира својата игра и до заминувањето на одмор да го контролира резултатот. На моменти, водството на Пелистер беше и седум разлика, 13:6, но на одмор беше само 15:12.

Ракометарките на Пелистер во второто полувреме константно беа во водство, најмногу од четири до пет гола предност. Екипата од Гевгелија се обидуваше да фати приклучок, но нејзините обиди завршуваа без успех. При резултат од 22:17, јасно беше дека бодовите остануваат во Битола.

Домаќинките во последните десет минути го зголемуваа водството од минута во минута. Конечниот епилог беше плус девет разлика за домашната екипа која во новата сезона посакува подобри резултати од претходната.

ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА 27:18 (15:12)

Сала: „ Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкуловски. Делегат: Александар Стефановски

ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Кајческа, Дишковска, Јанкуловска 10, Етемовска 2, Босиловска 12, Захариева, Милосављевиќ 1, Шишковска, Тодоровска, Наумовска 2, Калајџи, Николоска, Ѓоргиевска

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 6 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Басова, Мандалова 1, Митревска 5, Митрова, Димова 3, Панова, Јанчева 9 , Горковска, Шутева, Атанасова, Петковска, Чрчева, Ибрахимовиќ

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 мин.