Еден од најталентираните ракометари од Босна и Херцеговина, Немања Пештиќ наредните денови ќе биде во Барселона.
Тој ќе има можност да ги покаже своите квалитети пред луѓето од каталонскиот гигант и да ги убеди дека има потенцијал за високи дострели, како што предвидуваат многу ракометни работници.
Пештиќ има 17 години и настапува за екипата на Јединство, а исто така е член да кадетската репрезентација на Босна и Херцеговина. Тој игра на позицијата лев бек и има одлични физички предиспозиции.
Тој уште сега е најдобар стрелец во својот тим и еден од најдобрите стрелци во лигата. Во неговиот клуб Јединство се горди на тоа што таков славен клуб како Барселона е заинтересиран за нивен играч.