Викендов се комплетираа натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите, четвртфиналето на Лигата на Европа и полуфиналето на Европскиот Куп кај дамите, како и четвртфиналето на Европскиот Куп кај мажите.
Словенечкиот Крим беше елиминиран од Рапид Букурешт по поразот од шест гола во Романија, 30-24, и не успеа да ги одбрани петте гола предност од првиот меч. Во четвртфиналето продолжуваат Ференцаврош, Есбјерг и Оденсе, кои немаа проблеми против своите ривали.
На завршниот турнир во Лигата на Европа ќе има две германски екипи – Турингер и Борусија Дортмунд и две дански екипи – Никобинг и Икаст. Најинтересно беше во Германија, каде Дортмунд надомести девет гола минус од кај Нант и славеше со десет гола за место на Ф4.
Во финалето на Европскиот Куп кај жените ќе играат турската Анталија Коњалти и шпанскиот Гуардес, додека во полуфиналето на истото натпреварување се пласираа норвешките Рунар и Нербо, шведскиот Алингсас, како и српската Војводина.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Рапид Букурешт – Крим 30-24
Ференцварош – Будуќност 27-22
Оденсе – Сторхаммар 30-30
Есбјерг – Брест Бретањ 27-24
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Борусија Дортммунд – Нант 32-22
Икаст – Шиофок 31-21
Никобинг – Валчеа 38-29
Турингер – Сола 27-24
Европски Куп, жени, полуфинале:
Гуардес – Елче 22-18
Јувента Михаловце – Коњалти 33-27
Европски Куп, мажи, четвртфинале:
Нербо – Сесвете 29-30
Горење Велење – Војводина 26-30
Дукла Прага – Алингсас 24-27
Рунар – Карвина 28-25