Борко со порака до Томас: Не заборавај да имаш лавовско лице! (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден легендарниот капитен на Барселона, Виктор Томас, објави крај на богатата кариера поради проблеми со срцето.

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров вчера му упати емотивна порака, а денеска тоа го стори и голманот Борко Ристовски, со кој две години играше во Барселона.

„Беше задоволство да се биде твој соиграч и да се дели соблекувалната со тебе. Иако бевме заедно само две години имам чувство како да се знаеме цел живот. Ти посакувам многу здравје, среќа и љубов на тебе и на твоето семејство. П.С. Не заборавај да имаш лавовско лице! Се гледаме!“, напиша Ристовски.