Борко Ристовски го продолжи договорот со Вардар!

Голманот Борко Ристовски го продолжи договорот со македонскиот шампион Вардар за уште една сезона и ќе го чува голот на “црвено-црните” до 2023 година.

Ристовски се врати пред две години во Вардар, од португалската Бенфика и донесе сигурност меѓу стативите на македонскиот тим.

Искусниот чувар на мрежата, за кој ова е третпат да го носи вардаровиот дрес, имаше успешна кариера и бранеше во Франција, Германија и Шпанија во клубови како Барселона, Рајн Некар, Кретеј, Гумерсбах.

Беше дел и од шпанските Теукро и Алгесирас, а на домашна сцена го чуваше голот и на Македонија, Југ и Металург.

Покрај Ристовски, актуелни договори со Вардар имаат Мартин Томовски и Васил Гогов, па македонското трио ќе биде последниот бедем пред “црвено-црниот” гол и во наредната сезона.