Борко во елемент – загуби рамнотежа, но забележа двојна интервенција (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер и Вардар играат одличен натпревар во одлична атмосфера во салата Боро Чурлевски. Во првото полувреме гостите го имаат главниот збор и имаат контрола на натпреварот. Искусниот Борко Ристовски доби предност пред Мартин Томовски и има добро издание на голот на Вардар со интервенции во важен момент од натпреварот. Кон средниата на првиот дел Ристовски при една одбрана изгуби рамнотежа и го помести голот од вообичаената позиција, топката повторно се одби кај играчите на Еурофарм Пелистер но повторно Ристовски успеа да одбрани. Двојната интервенција погледнете ја во видеото.