Тимот на Умаг, каде што настапува македонската интернационалка Александра Боризовска, загуби од хрватскиот шампион Подравка.
На гостувањето во Копривница, Умаг беше совладан со 33-22, а победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 16-9.
Боризовска немаше промашување и ги реализира сите четири обиди кон голот на домаќинките.
Умаг сега е на осмото место на табелата со половичен биланс од четири победи и четири порази, а следниот предизвик Боризовска и нејзиниот тим ќе го имаат на домашен терен против Кока.