Екипата на ПАОК, во која настапува повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска, запиша нова победа во шампионатот на Грција.
ПАОК на гостувањето кај Коридалоу забележа висок триумф од 49:25. Боризовска и колешките победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое заврши во нивна корист со 15 гола разлика, 28:13.
Македонката на овој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци и во мрежата на домаќинот постигна четири погодоци.
Откако ПАОК не успеа да го мине третото коло во Европскиот Куп, целосно е фокусиран на одбрана на дуплата круна во домашниот шампионат.