Во интересен натпревар кој донесе неизвесен тек во сите 60 минути, Борец успеа да дојде до победа од 35:33 откако ја зачува предност стекната во првите 30 минути.
И двете екипи беа ефикасни така што овој дуел мина со многу поголемо внимание на играта во нападот отколку на одбраната. Се играше доста ефикасно така што речиси секој напад носеше реализација.
Домашните имаа поголем број на ракометари и поголем избор што се покажа како момент кој имаше важен дел на овој дуел. Исто така подобрата игра во првиот дел од средбата донесе и предност за тимот на Борец, а двата гола на паузата од 16:14 се покажаа и како доволни во вториот дел од средбата да се дојде до триумф.
Ракометарите на Борец знаеја како да ја зачуваат предноста и да освојат важни три бода со кои остануваат во трка за плеј-оф во Првата машка лига.
БОРЕЦ – ПАРТИЗАН 35:33 (16:14)
Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.
БОРЕЦ: Таневски, Манев, Митревски, Ристов 5, Ристовски 6, Стојанов, Табаков 10, Атанассовски 5, Велковски, Лазаревски 2, Стојанов 4, петровски, Мачевалов, Минов 3
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 2 мин.
ПАРТИЗАН: Георгиев, Љатев, Лисичков 5, Ангелов 2, Т. Узунчев 9, Д. Узунчев 16, Џалев, Динев, Зајков 1
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.