Денес прволигашот од Велес, Борец го претстави првото засилување за престојната сезона.
За клубот потпиша искусниот ракометар, Борис Ристовски кој претходната полусезона ја одигра во екипата на Вардар Неготино, а претходно беше дел од суперлигашот Тиквеш.
Ристовски ќе биде прва опција во нападот на велешани и своја помош на централната позиција ќе има од неговите колеги, Кире Мачавелов и Кирил Миленков.
Борец во наредниот период ќе ги промовира и останатите засилувања за престојната сезона. Амбициите на клубот се обезбедување плеј-оф, но и борба за првите три позиции доколку се укаже прилика во прволигашкото натпреварување.
Минатата сезона, Борец заврши на 4. позиција во плеј-аут групата во Првата лига.