Кон крајот на годината Македонија заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде домаќин на Европското првенство за сениорки кое ќе се игра од 4. до 20. ноември.
Осум од вкупно 16 репрезентации веќе го обезбедија својот пласман, па така има уште исто толку слободни места. Некои репрезентации имаат прилика уште во првите натпревари од оваа недела да го обезбедат пласманот, додека другите ќе го чекаат последното коло.
ГРУПА 1
Литванија – Полска, среда 18:00 часот
Полска веќе го обезбеди својот билет за Европското првенство додека гостите немаат шанси за пласман. Полска е во серија од 10 победи во квалификациите и имаат прилика квалификациите во групата да ги завршат со шест победи во шест натпревари. Против Литванија во последните 10 години одиграа четири на натпревари и излегоа ако победници во секој од тие натпревари.
ГРУПА 2
Фарски Острови – Романија, среда 20:00 часот
На Романија потребни и се две победи против Фарски Острови денес и Австрија во недела за да избегне неуспех и да остане без ЕП за првпат после 2006 година. Кај Романките за овој натпревар се враќа левиот бек Кристина Неагу. Фарски Острови се аутсајдери, изгубија на сите 12 натпревари во квалификациите. Романија има две победи во квалификациите против Фарски Острови во средби за пласман на ЕП 2020 година.
Австрија – Данска, среда 20:25 часот
Непоразена на претходните три натпревари Австрија ќе се обиде да го искористи тоа што Данска веќе обезбеди пласман на Европското првенство. Данска го има најдобриот напад во квалификациите постигнувајќи во просек по 33.25 голови по натпревар. Во последните 18 години Данска победи на последните пет од шесте натпревари против Австрија. Австрија чека свое враќа на европските првенства каде што последен пат играше во 2008 година.
ГРУПА 3
Грција – Германија, четврток 19:30 часот
Новиот селектор на Германија Маркус Гаугич за првпат ќе го води тимот против Грција, со победа во овој натпревар Германките ќе се пласираат на ЕП и тоа би било нивно 15-то учество во низа на европските првенства. Во овој натпревар ќе бидат без капитенот Еимил Болк која е надвор од тимот поради грип. Во првиот натпревар на овие две селекции Германија ја забележа една од најголемите победи во квалификациите победувајќи ја Грција со 36:10.
ГРУПА 4
Чешка – Франција, среда 20:00 часот
Чешка учествуваше на последните три европски првенства, а сега после два порази во два натпревари потребен и е чудесен кам-бек за да направи нешто. Франција веќе го обезбеди своето место на турнирот победувајќи на сите четири натпревари. Во квалификациите за ЕП Франција е во серија од 19 натпревари без пораз. Последниот пораз на Франција и го нанесе Македонија во март 2012 година. Во првиот натпревар Франција славеше со 38:22.
Украина – Хрватска
Поради ситуацијата во Украина овој натпревар ќе се игра во Граз, Австрија на неутрален терен. Бронзената Хрватска од ЕП 2020 се соочува со огромни проблеми во составот, а за пласман потребни и се две победи во овие последни два натпревари со Украина и Чешка. Украина одигра само два натпревари после инвазијата на Русија, но се во добра позиција и потребни им се три победи во последните четири натпревари за пласман. Нивните домашни натпревари ќе мораат да ги играат на неутрален терен.
ГРУПА 5
Словачка – Шпанија, среда 20:00 часот
После поразите на два натпревари против Португалија на своето деби како селектор на Словачка, Хорхе Дуенас ќе се соочи со Шпанија, селекцијата која ја водеше од 2007 до 2017 година. Шпанија ако ја победи Словачка ќе се пласира на ЕП. Откако клучните ракометарки, Барбоса, Родригез, Кампос и Гасама го пропуштија натпреварот во Унгарија сега се враќаат во составот. Шпанија не е поразена од Словачка од 2015 година.
Португалија – Унгарија, среда 20:00 часот
Ако не изгуби во овој натпревар Португалија ќе го обезбеди пласманот. Португалија не се квалификувала на едно ЕП од 2008 година кога заврши како 16-та репрезентација. Унгарија победи на последните 10 натпревари на гости одиграни во квалификациите за ЕП, нивниот последен пораз е од Германија во март 2012 година. Во последните години двете репрезентации се сретнаа само еднаш и победи Унгарија со 34:24 во октомври 2021 година.
ГРУПА 6
Турција – Србија, среда 20:00 часот
После победата дома против Исланд Турција има шанса да се избори за прв настап на Европско првенство, но затоа мора да ја победи Србија. Србија изгуби два натпревари од последните четири и тоа и се случува во квалификации првпат од 2010 година кога два пати изгуби од Португалија. Турција никогаш не победила на повеќе од еден натпревар во квалификациите за ЕП уште од 2014 година кога два пати ја победи Италија. Со две победи против Труција и Исланд Србија ќе го обезбеди своето 12-то последователно учество на ЕП. Последен пат не се квалификуваа на завршниот турнир во 1998 година.
Исланд – Шведска, среда 21:45 часот
После поразот од Турција Исланд се надева дека ќе се врати на победничките патеки против Шведска. Ако победи Шведска ќе се пласира на 11-тиот турнир во низа. Двете репрезентации одлично се познаваат и се среќаваа повеќе пати, играа и пријателски натпревари. Шведска победи на последните седум натпревари во низа, вклучувајќи го и првиот натпревар од овие квалификации 30:17.