Тимот на Борац ја освои шампионската титула во Босна и Херцеговина и ја продолжи доминацијата на домашна сцена.
Со тоа тимот од Бања Лука доби право да се пријави за ЕХФ Купот, но веројатно тоа нема да биде искористено. Поверојатно е Борац да се врати во СЕХА лигата, а првиот услов што го добиле е да создадат конкурентен ростер.
Сепак главна пречка е лошата финансиска ситуација.
„Учеството во европските и регионални натпреварувања, доведено е во прашање. Коронавирусот остави голема трага на приходите на Борац. Но и во таква ситуација, со помош на спонзорите, пријателите на клубот и клупското раководство, успеавме да покриеме дел од трошоците“, велат од босанскиот клуб.
Пекинг Универзитет нема да игра во СЕХА, па се отвора слободно место, на кое претендира и романскиот шампион Динамо Букурешт.