Ракометарките на Металург прославија минимален триумф над Вардар во драматичен натпревар со 20-19. Во текот на целиот меч се играше израмнето и ниедна екипи не поведе со повеќе од два гола, па победникот беше решен во последните секунди. Најпрво Терзиќ го одбрани последниот напад на Вардар, а Арсениевска со шут од десетина метри ја совлада Илиќ со сладок триумф над големиот ривал.
Првото полувреме беше полно со грешки на двете страни, но и одбрани на голманките на Металург и Вардар. По 3-3 на стартот, вардарки поведоа со 5-3, пред домаќинките преку Трајковиќ, Арсениевска и Несторска да направат пресврт, 6-5.
Во продолжение избраничките на Јулијана Дамчевска имаа и плус два, 8-6, но следуваа две брзоплети грешки и казни Сара Стефаноска за 8-8. Вардарки водеа со 10-9, но Петреска се погрижи за реми, 10-10.
Девојките на Александар Царчев не го реализираа последниот напад, кој заврши со одбрана на Терзиќ, но и тимот од Автокоманда не успеа да организира акција, па на пауза се замина со нерешено, 10-10.
Стартот на вториот дел беше со два гола на Металург за 12-10, пред да се повреди Гугуљанова. По краткиот прекин, Вардар израмни на 12-12. Потоа се играше гол за гол, иако и двете екипи пропуштаа прилики за да поведат со два гола.
Во последните десетина минути се влезе со 16-16. Имаше по еден нереализиран напад на двете страни, пред да погодат пивотите Петреска и Џатевска за 17-17. Имаше пенал за Металург, кој го погоди Кралева, а веднаш потоа израмнување преку Трпевска.
Илиќ и запре контра на Нестороска за плус два за Металург, а потоа одбрани уште еден напад на домаќинките, па Вардар на три минути до крај тргна по водство. Царчев повика тајм-аут, но не беше реализиран нападот бидејќи Терзиќ одбрани.
Ниту Металург не погоди, откако Илиќ и го одбрани шутот на Трајковиќ. На спротивната страна иста ситуација, и Терзиќ беше поуспешна од Диневска, па на триесет секунди до крајот имаше тајм-аут за Металург, кој тргна во напад за победа.
Во последните секунди од десетина метри шутираше Арсениевски и погооди за три бода во Автокоманда за Металург. Најдобри стрелци кај победникот беа Арсениевска и Младеновска со по пет гола, додека кај Вардар Стефаноска даде шест погодоци.
Со новите три бода Металург сега има 19 бода и се израмни со Вардар и Куманово на третата позиција на табелата.