Екипата на Еурофарм Пелистер минатиот вторник претрпе пораз на домашен терен од екипата на Ним со 21:26, па утре против Кадетен Шафхаузен во Швајцарија ќе треба да се поправи впечатокот.
Пред заминувањето, десното крило од Хрватска, Јосип Божиќ Павлетиќ го искажа своето размислување за овој дуел.
„Не очекува нов тежок натпревар. Очекувавме многу подобра игра пред нашите навивачи. Жал ми е што не се прикажавме во подобро издание. Ова е нова седмица и нов натпревар. И Кадетен го загуби првиот натпревар и сигурно ќе бара бодови исто како и ние. Одиме во Швајцарија да дадеме сè од себе, да се прикажеме во најдобро издание и ако биде добро да земеме и бодови“, изјави Божиќ Павлетиќ.
Тој објасни и каде се посилните страни на составот на Кадетен Шафхаузен.
„Најсилни се на бековските позиции особено на среден бек каде сè почнува од него. Се концентрираме на неговата игра и на нашата одбрана. Со добра одбрана би можеле да повлечеме и да дојдеме до некој лесен погодок. Ако тоа функционира како што е договоривме тогаш имаме доста шанси во Швајцарија“, рече репрезентативецот на Хрватска.
Средбата се игра утре со почеток во 18:45 часот.