Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Две македонски двојки ќе бидат активни на европските терени.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани на реваншот меѓу Фленсбург и полскиот Квижун на 4 октомври од 18:45 часот, а делегат на тој натпревар е Данецот Нилсен.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат првиот меч од скандинавскиот двобој меѓу шведскиот Кристијанштад и данскиот Орхус.
Овој дуел ќе се игра на 27 септември од 18:45 часот, а делегат ќе биде Естонецот Ситси.