Екипата на Преспа забележа победа во 15. коло од плеј-аутот во Првата лига на домашен терен против составот на Астарион со 30:18.
Гостите имаа сили за отпор само едно полувреме, Преспа имаше водство во текот на целиот меч, а на полувремето имаше само два гола позитива од 12:10.
Сепак во вториот дел домашниот тим целосно доминираше и стигна до убедлив триумф. Двата тима настапија со краток ростер, Преспа играше со девет играчи, додека Астраион со осум.
Најефикасен во тимот на Преспа беше Андреј Божиновски со 11 гола, а седум постигна Били Мишевски. Во составот на Астраион стрелец на пет гола беше Васко Стојанов, а четири постигна Дарко Катрнаџиев.