Интернационалката од Македонија, Ана Марија Божиновска заедно со екипата на Есентепе го освоија Дервиш Мишон Купот, кој се игра само во Северен Кипар.
Есентепе во финалниот дуел славеше убедлива победа против екипата на Дигем, со резултат 48:32 (20:17).
Довчерашната ракометарка на Чаир имаше блескава партија во финалето против Дигем, постигна 16 погодоци во мрежата на противникот и подели неколку асистенции кон своите колешки.
Божинивска беше прогласена за играч на натпреварот, односно МВП на финалниот и полуфиналниот дуел, во кој Есентепе славеше против УГУ, со 23:19 (11:5), а ракометарката од Македонија беше стрелец на девет гола.
За одличната игра во текот на сите натпревари од Дервиш Мишон Купот, Божиновска ја доби наградата за МВП на турнирот, со што покажа дека се наоѓа во одлична форма во првиот интернационален предизвик.