По настапот на Медитеранските игри во главниот град на нашиот јужен сосед, кадетите во следниот период ќе имаат уште една акција.
За време на ЕХФ неделата, од 13 до 19 април, кадетите ќе бидат дел од турнирот „Ракометот е моја иднина“ во босанскиот град Бугојно.
Ривалите и точни термини за натпреварите ќе бидат познати наскоро.
Младинската репрезентација, во истиот термин, ќе настапи на турнир во Белгија заедно со уште две европски селекции.
И најмладата македонска генерација во машка конкуренција, пионерската, имаше акција пред две седмици и одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Романија.