Ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Прешов кај Татран триумфираа со 36:26 во реванш дуелот од четвртфиналето во регионалната СЕХА лига.
Пелистерци иако беа ослабени, допатуваа со само 12 ракометари, сепак, нема големи проблеми и уште во првото полувреме ја заверија победата.
Шанса меѓу стативите имаше голманот Бобан Ристевски, кој запиша три интервенции, а една од нив го одбележа мечот во „Татран Арена“.
Еурофарм Пелистер го чека двобој со рускиот првак Чеховски Медведи, за место на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Битолска рапсодија среде Прешов – Пелистерци вторпат го разнесоа Татран!