Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот интернационалец Даниел Ѓорѓески, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Унгарија.
Будакалаш потешко од очекувањата на гостински терен славеше против НЕКА со 24-25, а најголем дел од заслугите за пласманот во следната фаза одат на адреса на нашиот чувар на мрежата.
Ѓорѓески имаше блескава партија, со 13 одбранети топки од 26 удари на ривалите или 50% успешност, иако не бранеше во текот на целиот натпревар.
Ривалот имаше шанса во финишот да дојде реми, но Ѓорѓески забележа две интервенции и не дозволи домашниот тим да се надева на нешто повеќе.