Изминатиот викенд во Европскиот Куп кај мажите, се одиграа 13 натпревари, а сите осминафиналисти ќе бидат познати следниот викенд.
Поранешниот лев бек на Еурофар Пелистер, Стипе Мандалиниќ, беше еден од ракометарите што ги одбележа првите натпревари од третата рунда.
Тој беше стрелец на 11 погодоци, скоро третина од головите на АЕК Атина, кој со 32-27 славеше против шведскиот Алингсас во првиот меч.
Норвешкиот Нербо, кој е освојувач на трофејот во ова натпреварување минатата сезона, загуби во првата средба од финскот БК-46 со 28-26.
Вториот претставник на јужниот сосед, Олимпијакос, загуби кај швајцарскиот Вакер Тун со 24-22, со најголеми заслуги на голманот Винклер кој имаше 19 одбрани.
Словенечкиот Горење Велење беше убедлив против Партизан со 28-20 и веќе може да се подготвува за осминафиналето и покрај тоа што претстои реванш.
Европски Куп, мажи, 3 коло, резултати:
БК 46- Нербо 28-26
Вакер Тун – Олимпијакос 24-22
Карвина – Грачаница 22-18
Повашка Бистрица – Горица 29-24
Динамо Панчево – Бешикташ 30-28
Кремс – Војводина 27-29
Фиверс – Рибница 33-35
Висе – Арендал 24-31
АЕК Атина – Алингсас 32-27
Горење – Партизан 28-20
Рунар – Полва Сервити 41-30
Сесвете – Беса 31-23
Анортозис – Диферданж 23-20
Лимбург – Фасано 9/12, 10/12
ИБВ – Дукла Прага 10/12, 11/12
Плзен – Рамат Хашарон 10/12, 11/12