Maкедонската кадетска селекција славеше историски пласман на СП во Хрватска, откако ја победи Чешка со 28-22.
По овој триумф, македонските кадети се деветти во светот, а средниот бек Мирче Калајџиески беше прогласен за МВП.
Стружанецот постигна дури 12 погодоци од 14 обиди и сосема заслужено ја доби наградата за најкорисен играч на натпреварот.
Македонија со пет победи – против Чешка, Унгарија, Австрија, Црна Гора и Грузија и два порази од кои еден незаслужен од Норвешка, го заврши настапот на СП.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!