Блесок на Гогов – двојна одбрана за ТВ шпици! (ВИДЕО)

Екипата на Вардар на првиот четвртфинален натпревар против Војводина во рамки од регионалната СЕХА лига славеше убедлива победа со 38:25. Во солидно светло меѓу стативите се покажа голманот Васил Гогов, кој минутажата на денешниот дуел ја подели со Мартин Томовски. Гогов против тимот од Нови Сад имаше одредени блесоци и запиша пет интервенции. Младиот голман во второто полувреме забележа двојна одбрана која сигурно ќе се најде на ТВ шпици.