Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра одлична партија во дресот на Хановер против Фуксе Берлин и заслужено се најде во тимот на колото во Бундес лигата.
Кузмановски даде осум погодоци и беше најзаслужниот за големиот бод на Хановер во Берлин, 32-32.
Тој имаше индекс на корисност 83, а во тимот на 27 коло во Германија се најдоа и Кевин Мелер, Хендрик Пекелер, Хампус Ване, Ханс Линдберг…
Формата на Кузмановски сигурно го радува и селекторот Кире Лазаров пред бараж двомечот со Чешка за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска.