Еден од најдобрите дефанзивци во Европа во последните неколку години, Блаж Благотиншек, се чини дека нема да го продолжи својот престој во Веспрем, пишува словенечка „Екипа24“.
Неговиот договор со Веспрем истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на унгарскиот гигант се уште му нема понудено продолжување.
За 26-годишниот словенечки репрезентативец интерес има од големата Барселона, иако таа нема доставено конкретна понуда, како и од бундеслигашот Мелсунген предводен од Гудмундур Гудмундсон.
Благотиншек потекнува од Целје, каде што играше до 2016 година, а пред да потпише за Веспрем, имаше понуда и за преселба во Вардар.