Би му позавиделе и многу фудбалски голмани, одбрани во голем стил (ВИДЕО)

Голманот на Нант, Микаел Робин имаше неверојатна интервенција на средбата против Ним и тоа од шут од седум метри. Иако беше излезен напред и противничкиот ракометар се обиде со лоб удар да го совлада имаше одлично чувство кога да тргне назад и да интервенира за да стигне до одбрана на својот гол. На оваа интервенција би му позавиделе дефинитивно и многу фудбалски голмани бидејќи не е воопшто лесно вака да се интервенира.