Би конкурирале за медал: Хрватска има играчи не за една, туку за две репрезентации на ЕП!

Лино Червар ги одбра ракометарите со кои ќе настапи на Европското првенство и за тој избор имаше лавина реакции низ ракометната јавноста. Кога ќе се погледне списокот на повикани играчи и на оние што се моментално активни, ама не играат поради овие или оние причини, Хрватите комотно може да направат уште една репрезентација за на ЕП, бидејќи имаат околку шеесетина ракометари конкуренти за место во националниот тим.

Голем комплимент и признание за ракометот во Хрватска е огромниот избор на играчи кои го поседуваат. Овој пат Червар се одлучи за доста млади играчи, но тука се и поискусните кои сигурно ќе бидат носители на играта.

Постјоаното надополнување на ростерот со млади играчи доведе до тоа на Европското првенство да не патуваат многу познати имиња. Од играчите кои се изоставени од списокот сигурно Хрватска би можела да состави уште еден тим кој би бил конкурентен на првенството.

Играчи на Хрватска кои нема да патуваат на ЕП:

Голмани:
Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Мирко Алиловиќ (ПИК Сегед)
Иван Стевановиќ (Висла Плоцк)
Марио Цвитковиќ (Татран Прешов)

Лево крило:
Мануел Штрлек (Веспрем)

Десни крила:
Иван Чупиќ (Вардар)
Јерко Матулиќ (Висла Плоцк)

Пикери:
Ренато Сулиќ (Висла Плоцк)
Леон Шушња (Висла Плоцк)
Крешо Козина (Гепинген) 
Леон Вучко (Татран Прешов)
Кристијан Беќири (Загреб)
Иван Кушан (Ла Риоха)

Леви бекови:
Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин)
Иван Слишковиќ (Гепинген)
Дамир Бичаниќ (Загреб)

Средени бекови:
Домагој Павловиќ (Мелсунген)
Филип Вистороп (Загреб)
Тин Лучин (Адемар Леон)
Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)
Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер)

Десни бекови:
Марко Копљар (Фуксе Берлин)
Симе Ивиќ (Ерланген)
Роберт Маркотиќ (Штутгарт)
Јаков Вранковиќ (Динамо)
Никола Јукиќ (Шартр)
Кристијан Ескеричиќ (Куенка)

Одбрана:
Јаков Гојун (Фуксе Берлин)