Тоа што подолго време се најавуваше денеска доби официјализација. Хрватскиот стратег Жељко Бабиќ заминува од Еурофарм Пелистер по крајот на сезоната, потврдија од битолскиот клуб.
Бабиќ ќе го води клубот уште на натпреварите против Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје во Битола, по што ќе ја напушти клупата.
Тој дојде во Битола пред две сезони, успеа да му донесе еден Супер куп трофеј на Еурофарм Пелистер, а сезонава битолскиот клуб имаше огромна шанса да се врати на шампионските патеки и да го освои трофејот во Купот, но не успеа.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.
Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022. Клубот му посакува многу успех во понатамошната работа и вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за професионалци како него.“
Бабиќ во досегашната тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска освоеи бронзени медали на Олимписките игри во Лондон 2012 година, Европското првенство во Србија 2012 година и Светското првенство во Шпанија 2013 година.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска во 2016 година го освои бронзениот медал. На клупски план ги водеше Балиќ-Метличиќ, Метковиќ, Сплит, словенечките Кршко и Горење, белорускиот Мешков Брест