Долгоочекуваното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во текот на утрешниот ден во Битола.
Битолскиот клуб најави хумана акција на полувремето од важниот натпревар.
„Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18:00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, напишаа битолчани на социјалните мрежи.
Наптреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.