Тимот на Еурофарм Пелистер 2 за следната сезона договори млад среден бек, кој настапува за тимот на Охрид.
Станува збор за Мартин Ивановски, кој своевремено беше дел од камп на унгарскиот гигант Веспрем.
Организаторот на играта во последните две сезони добиваше се поголема минутажа во составот на Охрид и на некои суперлигашки средби беше меѓу главните стрелци.
Toј има 20 години, а беше дел од тимот што играше и во ЕХФ Купот пред четири сезони против холандскиот Волендам и португалскиот Порто.
Во составот на Александар Јовиќ ќе се пресели на лето и ќе ја зголеми конкуренцијата на средната бековска позиција.