Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат по првото полувреме од тимот на Фуксе Берлин со 18-12. Македонскиот претставник парираше на „лисиците“ во првите десетина минути кога беше 6-6, но оттогаш до крајот на полувремето постигна само уште шест погодоци, а домашите дупло повеќе.
Битолчани, кое на ова гостување се без Ојлески и Хенеберг, отворија добро и со трите гола на Костески водеа со 4-2. Домашните возвратија набрзина, со серија од четири гола направија пресврт и поведоа со 6-4 преку Вујовиќ.
Еурофарм Пелистер израмнија преку Костески на 6-6, но потоа нашиот ракометар беше исклучен, а Фуксе Берлин максимално го искористи тоа, ги казни сите грешкки и се одлепи на 10-6.
Валтер реагираше со тајм-аут, но Василев промаши и домашните веќе беа на плус пет, 11-6. Битолчани не се предаваа и намалија на 11-8. Откако Лесјак му фати пенал на Вујовиќ, нашиот тим можеше да намали уште повеќе.
Сепак ниту Пешевски, ниту Кисум не беа прецизини, па казната стигна од Марсениќ за 12-8. По голот на Костески, Лесјак фати уште еден пенал на домашните, па битолчани добија шанса и за минус два, но не упатија удар кон голот на Милосављев.
Беше 14-9, па 17-11, пред Марсениќ да заработи исклучување. Кисум намали на 17-12, а конечните 18-12 по првиот дел ги постави Лихтлајн.