Битолчани си спарингуваа на Маврово, првиот тим подобар за десет гола

Двете екипи на Еурофарм Пелистер одиграа пријателски натпревар на Маврово каде што можеа уште еднаш да ги проверат силите и сработеното од досегашниот дел од подготовките, а првиот тим дојде до победа од 32:22.

Ова беше средба на која се очекуваше победа за првиот состав на Еурофарм Пелистер така што ваквиот епилог и не е изненадување.

Резултатот покажува дека се работи добро, а утре за првиот состав следува посилна контрола на која ќе треба уште еднаш да се одигра најдобро што може. Од 17 часот исто така на Маврово противник на Еурофарм Пелистер ќе биде тимот на Металург.