На завршна гала вечер одржана во Битола, Еурофарм Пелистер стави точка на успешната сезона.
Управата на клубот со пригодни подароци се збогуваше со неколку ракометари кои оставија белег изминатиот период.
Екипата која следната сезоната ќе игра во Лигата на шампионите ја напуштаат шестмина ракометари.
Станува збор за левите крила Гоце Ојлески и Бојан Маџовски, како и за бековите Усама Хосни, Мохамед Суси, Себастијан Хенеберг, Мартин Велковски и дефанзивецот Кукоски.
Допрва ќе бидат познати новите засилувања за битолскиот тим, кој го очекуваат големи предизвици во наредната сезона.