Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер објави дека ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски се прекомандувани од Еурофарм Пелистер 2 во првиот тим.
Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА лигата и Лигата на Европа за тимот на Ларс Валтер.
Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата.
Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.