По примерот на Вардар и Металург, и тимот на Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе влезе со брендиран автобус.
Со оглед на тоа што битолчани ќе играат во регуларниот дел од Суперлигата, автобусот ќе биде доволно искористен.
Екипата ќе патува со него и на кратките патувања во блиските држави на натреварите од регионалната СЕХА лига.
Битолчани славеа на првиот официјален натпревар оваа сезона, на Суперкупот против Вардар, а веќе в недела имаа четвртфинален дуел од СЕХА против Мешков Брест.