Довчерашниот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер ги минува последните денови од неговиот претстој во Битола.
Данецот, кој со македонскиот вицепрвак спогодбено ја прекинаа соработката поради лошите резултати во Лига на Европа, доби подарок на разделбата со раководството на македонскиот вицепрвак.
Валтер го презеде кормилото на Еурофарм Пелистер на 30 јуни минатата година и ја наследи тренерската функција од Жељко Бабиќ.
Искусниот тренер од Данска успеа со битолскиот тим да го освои турнирот во Струга, како и трофејот во Супер Купот на Македонија.
Под негово водство беше постигнат и најголемиот успех на Еурофарм Пелистер во регионалната СЕХА лига.
Еурофарм Пелистер за првпат во ланската сезона избори пласман на Ф4 турнирот од регионалното натпреварување и во Задар го освои бронзениот медал.