Тимот на Еурофарм Пелистер го очекува првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига со словачкиот првак Татран Прешов.
Битолскиот тим ги пушти во продажба билетите за овој дуел кои се по цена од 200 денари и можат да се набават онлајн и во двете продажни места во Битола.
Наптреварот во „Боро Чурлевски“ ќе се одигра на 4 април со почеток во 18:00 часот, а претходно пелистерци ќе имаат гостување во Кавадарци кај Тиквеш на 2 април.
Реваншот меѓу битолскиот тим и словачкиот шампион ќе се одигра следниот понеделник на 10 април од 16:00 часот во Прешов.
Победникот од овој двомеч ќе игра со рускиот првак Чеховски Медведи за место на завршниот турнир во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни.