Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ги пушти во продажба билетите за дуелот со Нексе од регионалната СЕХА лига.
Еурофарм Пелистер, кој во дуелот со клубот од Нашице ќе биде предводен од новиот тренер Александар Јовиќ, во досегашниот тек од регионалното натпреварување забележа една победа и два порази.
Билетите можат да се купат и онлајн на веб сајтот на Еурофарм Пелистер, односно ТУКА. Продажната цена на билетите е 200 денари.
Пелистерци на првиот дуел против Нексе беа поразени со четири гола разлика, 29:25.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе се одигра на 14 март во спортска сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот.