Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ги информираше своите фанови дека утре напладне ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу битолскиот тим и Архус.
Избраниците на Ларс Валтер на 25 октомври во спортската сала „Боро Чурлевски“ во натпревар од првото коло во Лига на Европа ќе го пречекаат составот на Архус и ќе се обидат со победа да ја започнат европската авантура.
Цената на билетите за натпреварот со тимот од Данска е 250 денари. Пелистерци сигурно ќе имаат голема поддршка од трибините, кои секогаш се исполнети до последното место за европските натпревари.
Минатата сезона Еурофарм Пелистер во второто по ранг европско натпреварување стигна до осминафиналето и не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето.