Битолско славје среде Скопје, вардарци ќе мораат по „жежок песок“ ако сакаат титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

vardar – pelister 26-03-2022

Вардар и Еурофарм Пелистер го одиграа првото дерби во плеј-оф разигурвањето за шампион на Македонија. После голема борба, тензија и нервоза гостинскиот тим од Битола славеше со 23:24 и презема лидерското место на табелата. Покрај пресметката на теренот не изостана и дуелот помеѓу навивачите на трибините, овојпат повеќе причини за радост имаа „Чкембарите“ кои ја славеа победата на својот тим. Првата дерби-пресметка од теренот и трибините низ фотографии погледнете ја во галеријата.