Започна отворениот ден за навивачи по повод освојувањето на Суперкупот на Македонија од страна на Еурофарм Пелистер.
Дружењето со ракометарите и шампионскиот пехар ќе продолжи и за време и по натпреварот против Голден Арт што се игра во „Боро Чурлевски“ од 17:00 часот.
Навивачите имаа шанса да се фотографираат со трофејот што го освоија нивните миленици во Охрид со победата над Вардар со 23-22.
Избраниците на Ларс Валтер немаа многу време за славење и од денеска им се враќаат на суперлигашките обврски.