Ракометарите на Еурофарм Пелистер сигурно ја започнаа новата сезона во Супер лигата и во првото коло беа подобри од Еурофарм Пелистер 2 со 29:24 за први бодови и успешен почеток.
Еурофарм Пелистер целосно го контролираше натпреварот и резултатот, отворија со 4:1 и ваквата предност сигурно ја одржуваа. Потоа имаа 7:4 и 9:5, но следуваше една серија на Еурофарм Пелистер 2 со која намалија на 10:9.
До крајот на првиот дел избраниците на Жељко Бабиќ без многу проблеми ја вратија најстандардната предност во првиот дел од три гола, а така беше и на полувреме кога Еурофарм Пелистер водеше 13:10.
Второто полувреме не донесе ништо различно од првиот дел, домаќинот рутински контролираше сè на теренот и сугурно го водеше натпреварот кон победа. Во 51. минута Еурофарм Пелистер ги имаше највисоките шест предност кои беа сосема доволно до крај на мечот да ги запише првите бодови.
Најефикасни во победничкиот тим беа Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ и Мандалиниќ со по пет гола, а триапти погоди Периќ. Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 прв стрелец беше Павле Петровиќ со четири гола.