Македонската ракометна јавност со нетрпение го очекува големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Двобојот меѓу битолскиот и скопскиот тим е закажан за среда, 15 декември, со почеток во 18:00 часот, во салата „Боро Чурлевски“.
Несомнено е дека ќе се бара билет повеќе, особено што атмосферата во Битола е загреана до максимум по победничката серија на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа.
Во Вардар, пак има промени и тимот ќе биде предводен од Владо Недановски.