Битола чека на титула 17 години: Ќе има ли славје на пелистерци или ќе продолжи скопската доминација?

Тимот на Еурофарм Пелистер има голема, историска шанса, да ја освои шампионската титула во Суперлигата по цели 17 години!

Последното славје во Битола беше во 2005, кога тогашниот Пелистер Кометал ја доби финалната плеј-оф серија со Металург.

Оттогаш Вардар освои девет титули, а тимот од Автокоманда шест (една сезона не беше прогласен шампион), додека битолчани оваа сезона се најблиску да го симнат „црвено-црниот“ тим од тронот.

Иако има уште три кола до крајот од суперлигашкиот плеј-оф, Вардар и Еурофарм Пелистер се големи фаворити на преостанатите дуели, па јасно е дека вечерва во Битола ќе се реши шампионот.

Билети за натпреварот што се игра во „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот нема, а најавено е присуство и на „Комити“.