Битола подготвена за ЛШ – нов изглед на салата и паркингот, реновирани соблекувални…(ФОТО)

Ракометна Битола ја очекува премиерата на Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите.

Прв гостин во „Боро Чурлевски“ ќе биде норвешката екипа Колстад, в среда, 13 септември во натпревар што ќе започне од 18:45 часот.

Цело лето клубот во соработка со Општина Битола работеa на изгледот на салата „Боро Чурлевски“, и внатре и надвор.

Реновирани се сите соблекувални, паркингот пред салата, сите простории…па Битола подготвена ќе ја дочека европската елита.